Заврши сезоната 2022/23 во Македонската лига, Макпетрол го одбрани насловот, второто место му припадна на Вардар, а третото на првата екипа на битолски Пелистер со 24 бода. Во женска конкуренција титулата ја освои Пелистер пин
.
Убедливо, со 16 победи од исто толку натпревари и освоени 32 бода, односно 114 поединечни поени, а изгубени само 14, кугларите на Макпетрол ја освоија рекордната 22. титула екипен првак на Македонија. Второто место му припадна на Вардар со 25 бода (12 победи, едно реми, три порази), а третото на првата екипа на битолски Пелистер со 24 бода (12 победи и четири порази).
Табела за 2023 година: Макпетрол 32 бода, Вардар 25, Пелистер (А) 24, ГТЦ Мусандра 21, Макпетрол (Б) 17, Вардар (Б) 13, Пелистер пин (жени) 6, Пелистер (Б) мажи 6, ГТЦ Мусандра (жени) 0. Г.И.