Раковидните лица во кугларскиот клуб Вардар, претседателот и заменикот, браќата Димитар и Дарко Димитровски ги отпочнаа подготовките за вториот вардаровиот интернационален турнир “8-ми септември“. Тој начелно ќе се одржи на в сабота, на 8-ми септември во Скопје. Истиот се организира по повод денот на независноста на Република Македонија.
Двајцата двигатели на овој потфат веќе од сега ги одпочнаа опсежните подготовки за второто издание на овој турнир. Нивната идеја лани беше претоена во реалност кога организираа настан на високо ниво. На истиот настапиа реномирани екипи и еминентни куглари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, како и од Македонија претставена од кугларите на Вардар. На истиот лани настапија екипите на Шампионот на Србија- КК Београд, Вицепрвакот на БиХ- КК Ревита-Бања Лука, Медвешчак од Загреб (Хрватска) Шампионот на Словенија- КК Калцит Камник. Победникот беше екипата од соседна Србија поточно нивниот шампион, КК Белград. Пласманот може да го погледнете овде, покрај тоа може да погледне видео од целиот настан -овде, и фотогалерија на следниот линк!
Апак нашиот Дарко Димитровски беше најдобар “чистач“ на интернационалниот турнир-види!