Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Апостолски со двајца вардарци на списокот за селекцијата „под 16“ години,
Апостолски со двајца вардарци на списокот за селекцијата „под 16“ години,

Апостолски со двајца вардарци на списокот за селекцијата „под 16“ години,

Стартот на подготовките на кадетската селекција е на 27.јуни, од 17.часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје

Селекторот на нашата машка селекција „Под 16“ години, Андреј Апостолски Лечиќ го формираше поширкиот список на кандидати за националниот тим за активностите што следуваат во текот на летото. Односно настап на Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години кое ќе се одржи од 12. до 20. август во Скопје.

По селективните тренинзи одржани во текот на минатиот викенд во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, Апостолски Лечиќ одлучи на првиот собир да се појават вкупно 18. кошаркари (родени 2006 година) кои ќе се борат за место во селекцијата која ќе игра на шампионатот во Скопје.

Во стручниот тим на оваа наша национална селекција ќе бидат уште и Никола Димитриески и Дејан Србиновски како асистенти на селекторот Апостолски Лечиќ. Проф-Др Александар Ацевски ќе се грижи за физичката подготовка на тимот, а Горјан Волкановски за здравствената состојба на играчите за авреме на пдогтотовките и настапите на Европското првенство во Скопје.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА У16 РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА-МАЖИ

Бојан Величковски – МЗТ Скопје Аеродром

Карло Димевски – Феникс 2010

Стефан Стојковиќ – Феникс 2010

Андреј Стојановски – Феникс 2010

Димитар Зетов – Струмица

Сергеј Младеновски – Вардар

Даријан Трајковски – Вардар

Дино Лазарев – Дино Баскет

Никола Поповиќ – Академија ФМП

Малик Тачи – Чаир 2030

Коста Кириловски – Водно Санс

Атанасиј Трајанов – Водно Санс

Никола Јаничиќ – Водно Санс

Лука Марјановиќ – Водно Санс

Горазд Митев – Работнички

Габриел Петровски – ТФТ

Марко Лукановски – Италија

Давид Петрушевски – Италија