Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Стигна официјална потврда: Попзлатанов ќе стрела за Вардар!
Стигна официјална потврда: Попзлатанов ќе стрела за Вардар!

Стигна официјална потврда: Попзлатанов ќе стрела за Вардар!

Стигна официјална потврда. Јован Попзлатанов се враќа во ФК Вардар. Нашите најави се обвистинија, па така ,,црвено – црните” сега добиваат големо засилување во нападот. Попзлатанов имаше одлична сезона во дресот на  Македонија ЃП, каде на 31 натпревар во ПМФЛ забележа девет асистенции, со уште четири гола.
 .
Јован Попзлатанов е второто засилување во овој преоден рок и повторно ќе го облече дресот на нашиот најтрофеен клуб. Офанзивниот крилен фудбалер доаѓа од екипата на Македонија ЃП и ќе биде големо засилување за нападот во наредната сезона, велат од ФК Вардар.
 .
Добредојде назад во Вардар!