Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Преглед 3.коло! КК Вардар на прва позиција на табелата
Преглед 3.коло! КК Вардар на прва позиција на табелата

Преглед 3.коло! КК Вардар на прва позиција на табелата

Третото коло од натпреварите во Втората лига донесе потврда повеќе дека оваа сезона ќе биде една од најнеизвесните.

Ако се суди според уводните три кола, тоа е евидентно, особено ако се погледне табелата која вели дека по три одиграни кола веќе нема екипа која не запишала пораз. Во овој круг од натпреварите Баскет Кам загуби на гостувањето во Скопје, подобар до нив беше младиот состав на Работнички 2018 (81:74). А пораз, но на домашен терен, запишаа и кошаркарите на ГКК Охрид. Вардар делуваше доста сигурно и славеше во салата „Билјанини извори“ со (97:85).

МКК Куманово исто така запиша прв пораз, на гостински терен во Штип, каде Соколи 1933 беше подобар за дури 15.кошеви (77:62). По три одиграни натпревари, дури седум екипи, повеќе од половината, се на ефект (2-1), а во таа група се и Шкупи кој загуби на гости од МЗТ Скопје Уни Банка (57:91), и Ангели, кој во ова коло славеше убедлива победа на гостувањето во велес, потив Борец баскет беше (78:51).

Велешани и стружани се засега без победа, со забелешка дека Црн Дрим својот натпревар од ова коло, против Водно Санс, ќе го одигра подоцна.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Шкупи          91:57

ГКК Охрид – Вардар        85:97

Работнички 2018 – Баскет Кам            81:74

Соколи 1933 – МКК Куманово 77:62

Борец Баскет – Ангели   51:78

Црн Дрим – Водно Санс одложено

ТАБЕЛА: Вардар 5, Баскет Кам 5, Ангели 5, ГКК Охрид 5, МКК Куманово 5, Соколи 1933 5, Шкупи 5, МЗТ Скопје Уни Банка 4, Работнички 4, Водно Санс 3 (-1), Борец Баскет 3, Црн Дрим 2 (-1);

ИДНО КОЛО (05.11)

ГKK Охрид – Борец Баскет

Вардар – МКК Куманово

Ангели – Црн Дрим

Шкупи – Соколи 1933

Водно Санс – Работнички 2018

Баскет Кам – МЗТ Скопје Уни Банка