Натпреварите од 7. коло од плејофот во најсилниот машки одбојкарски шампионат го отстранија и последното отворено прашање околу учесниците во разигрувањето.
ОК Вардар на домашен терен со 3-1 во сетови го совлада Универзитет во Тетово во четири сета и го зазеде третото место на табелата кое што е значајно затоа што избегнува полуфинална пресметка со првопласираниот тим сезонава, а тоа е Струмица 47&72.
Одбојкарите на ВАРДАР фуриозно го започнаа натпреварот и уште на стартот со серија од 6-0 им дадоа до знаење на тетовчани дека нема што да бараат во првиот сет кој рутински го добија на крајот со 25-16.
Сепак во вториот сет со подобра игра тетовскиот состав успеа да одговори соодветно на својот директен ривал за 3-тото место и го доби со 25-17.
Но, во третиот сет се водеше вистинска битка на теренот. И двата тима се менуваа во водство се до финишот кој им припадна на ОК Вардар и поведе со 2-1 во сетови откако го доби сетот со 25-20.
Црвено-црните во четврттиот сет ја продолжија добрата игра и во одбраната и нападот и повторно со 25-20 ставија точка на натпреварот и победата од 3-1 во сетови.
Со оваа победа ОК Вардар со скор од (11-6) се зацврсти на третото место на табелата во првата одбојкарска лига на Македонија, веднаш двоецот Шкендија која е втота со (12-5) и лидерот Струмица кои имаат максимален ефект од (17-0).
Во следното 8.коло ОК Вардар повторно игра на домашен терен каде го пречекува тимот на ГОК Борец од Велес.
ТАБЕЛА:
Струмица (17-0),
Шкендија (12-5),
Вардар (11-6)
Универзитет во Тетово (10-7),
ГОК Борец (7-10),
Лирија (7-10)