Од денеска до недела, М14 екипата на Вардар ќе игра на завршниот турнир од централноевропската дивизија на EYBL (Европска младинска кошаркарска лига) што се одржува во унгарскиот град Печ.
Пласман во завршницата, „црвено-црните“ обезбедија откако беа најдобри на претходните два турнира каде победија и дел од ривалите со кои ќе се сретне и овие три дена. Покрај Вардар, учествуваат уште Сокол Прашки од Чешка, Ратгебер Академија и Хонвед од Унгарија и Будуќност од Црна Гора. Победникот на овој турнир не само што ќе ја освои титулата во централноевропската дивизија, туку заедно со второпласираниот ќе учествува на завршницата од EYBL, од 14 до 17 април во главниот град на Летонија, Рига.
Вардар излегува на терен утринава во 10 часот, против Сокол Прашки кого во јануари го победи на турнирот во Шопрон со 101-84. Денеска од 18 часот ќе игра уште со домаќинот Ратгебер Академија, утре од 12 часот се сречава со Хонвед, а турнирот го завршува со Будуќност в недела од 11. За разлика од претходните настапи, сега „вардарци“ се комплетни и на играчки и на стручен план и подготвени да направат уште еден голем резултат.
извор:kos.mk