Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Битолчани ќе му судат на Вардар против Кадино
Битолчани ќе му судат на Вардар против Кадино

Битолчани ќе му судат на Вардар против Кадино

После паузата поради настапите на македонската репрезентација за пласман на СП, од претстојниов викенд се враќаат националните првенства.

Во рамките на 21.коло во Втората Лига-Запад, Вардар е домаќин на екипата на Кадино. ФФМ за главен судија го делегираше Дарко Котевски од Битола, додека негови помошници ќе бидат Јовче Кокевски и Владимир Митревски, исто така од Битола.

Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 15:00 часот на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари.