Кадетите на Вардар со триумф го почнаа завршниот турнир од EYBL лигата во унгарскиот град Печ.
Во првиот меч, „црвено-црните“ го победија чешкиот тим Сокол Прашки со 85-83 во можеби најнеизвесниот и најдраматичен натпревар оваа сезона во европското натпреварување. Дуелот го одбележаа големите осцилации и резултатски пресврти во играта на двете екипи.
Вардар подобро почна, водеше со 23-13 во првата четвртина, но во втората Сокол прашки направи серија од 22-3 и дојде до предност од 50-39. Во третиот квартал Чесите ги достигнаа највисоките +16 (58-42), но тогаш почна конечниот пресврт на Вардар. Со серија од 14-2 се доближи на 56-60, а во последните десет минути, со осум поени во низа поведе со 77-69. Сокол Прашки не се предаде, дојде на 80-81 на две минути пред крајот, потоа и на 83-85 во последните 12 секунди, но нашите кошаркари, сепак, ја сочуваа предноста и дојдоа до победата.
Попладнево, од 18 часот, Вардар ќе го игра вториот натпревар на турнирот, против домаќинот Ратгебер Академија, според многумина, најголем фаворит за титулата.
извор:kos.mk