Кадетите на Вардар го доживеаја првиот пораз на завршниот турнир од EYBL лигата откако попладнево загубија од домаќинот Ратгебер Академија со 69-87.
Унгарскиот тим многумина го сметаат за најголем фаворит за титулата, а тој тоа го докажа со двете убедливи победа, прво против Хонвед, а сега и во дуелот со Вардар. И покра тоа, „црвено-црните“ одиграа добро прво полувреме во кое водеа и со 14 поени разлика (20-6), но тоа темпо не успеаја да го задржат подолго време.
Пред крајот на првата четвртина Ратгебер се доближи на 22-23, во втората два пати имаше и минимално водство, но Вардар некако успеа да се избори за минимална предност на полувреме (41-40). Унгарците ја почнаа својата доминација на средината од третиот квартал кога по 44-44 направија 13-2 и дојдоа до двоцифрена предност. Вардар се држеше до крајот на четвртината, но во последните десет минути Ратгебер ја достигна највисоката разлика, од 22 поена (85-63).
За Вардар ништо не е загубено бидејќи во дуелите со Хонвед и Будуќност може да се избори за место во финалето. Хонвед веќе го победи на претходните турнири, а со него игра утре од 12 часот.
извор:kos.mk