Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Утре, Заваровски со напад на 21.097км под 1:20
Утре,  Заваровски со напад на 21.097км под 1:20

Утре, Заваровски со напад на 21.097км под 1:20

Нашиот, Петре Завировски продолжува со своите настапи, досега имаше 3 одлични трки. На АРМ на 5км 17-18 мин, во Кавадарци на 21.097км бронзен медал со резултат 1-22-22 и во Кочани 10км за 35-54.

Она што дава за право да очекуваме резултат под 1-20 од Завировски во недела е трката во Кавадарци. Патеката беше тешка а резултатот одличен. Патеката во Градскиот парк во Скопје е многу добро позната за Вардарецот, тој има 4 медали на таа патека 1 златен и 3 сребрени. Негов најдобар резултат таму е 1-17-29 поставен во 2016 год истиот донесе златен медал. Во пресрет на овој настап Завировски кратко изјави:

“Се чувствувам одлично на тренинзите. Мислам дека имам резултат под 1:20. Треба паметно да ја истрчам оваа трка и резултатот ќе дојде”.