Овој викенд се одиграа два од трите предвидени натпревари од 4. Коло од „оролоџото“ во женската Прва лига.
Својот дуел од ова коло, против екипата на МЗТ Скопје Аеродром, актуелниот бранител на титулата ќе го одигра вечерва.
Фаворитите ја потврдија својата улога. Иако потешко од предводувањата, екипатѕа на вардар славеше победа на гостувањето во Крива паланка (64:58). Лидерската екипа во првенството, Бадел 1862 без особени проблеми, како гостин, го победи Пробаскет (89:63).
Кошаркарките на Гризли, очекувано, славеа победа на гостувањето кај Риниа (83:34), па сега, на две кола до крајот на регуларнито дел, се изрмзнија според бројот на бодовите со досега водечкиот состав на Трокал. Двете екипи имаат скор (12-2) со забелешка дека екипата од Скопје има подобар скор во меѓусебните натпревари.
Зад нив, со ефект (11-3) е екипата на Патриот 2016 која во ова коло беше подобра од Гостивар 2009 со сигурни (68:52).
ПРВА „А“ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО – ОРОЛОЏО
Крива Паланка – Вардар 58:64
Пробаскет – Бадел 1862 63:89
Струга 2009 – слободен
21.03: Баскет КАМ 2011 – МЗТ Скопје Аеродром
ТАБЕЛА: Бадел 1862 31, Баскет КАМ 2011 28 (-1), Вардар 27, Крива Паланка 21, Струга 2009 20, МЗТ Скопје Аеродром 17 (-1), Пробаскет 14;
ИДНО КОЛО (26.03)
Струга 2009 – Баскет КАМ
Бадел 1862 – Крива Паланка
МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет
Вардар – слободен