ЖРК Вардар ќе мора да изнајде сила и по три порази по ред во дерби дуелите да се издигне на средбата што ја го очекува во 6.коло од плеј-офот во женската сениорска лига.
Девојките на Драгана Ристова и Алексадар Царчев во оваа рунда се домаќини на тимот на Металург. Дуелот веќе има закажано термин, ќе се игра во сабота (26.март.2022). Натпреварот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе започне во 11-00 часот.