Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Македонија М14 против Црна Гора “прокоцкаа“ 23 разлика и заврши на 6.место
Македонија М14 против Црна Гора “прокоцкаа“ 23 разлика и заврши на 6.место

Македонија М14 против Црна Гора “прокоцкаа“ 23 разлика и заврши на 6.место

Македонските кошаркарски надежи до 14 години забележаа тежок пораз од своите врсници од Црна Гора и меѓународниот турнир „Словенија Бол“, го завршија на шестата позиција. На натпреварот за 5/6-место ние имавме добра игра во еден момент и 23.коша позитива, сепак не успеавме да триумфираме.

Добро тргнавме во дуелот, момците  го контролираа мечот во текот на целото прво полувреме, а во третата четвртина имаа позитива од дури 23 поени. Тогаш избраниците на Благоја Кечовски се опуштија превише, а црногорците ја искористија ситуацијата и со  дисциплинирана игра на крај стигнаа до победа од 77-83.

Трипуновски и Симиќ со по 15 поени беа најпрецизни во македонскиот табор, вардарецот Оровчанец на овој турнир играше постојано и беше дел од оваа селекција.