Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јована Саздовска во новата сезона ќе настапува за Турингер
Јована Саздовска во новата сезона ќе настапува за Турингер

Јована Саздовска во новата сезона ќе настапува за Турингер

Поранешната ракометарка на Вардар, Јована Саздовска во новата сезона ќе игра за екипата на Турингер од Германија. Левото крило, една сезона беше дел од црвено-црните, а во новата сезона повторно ќе има можност да настапува во Лигата на Шампионите.

Турингер е во група со актуелниот шампион на Европа, Ѓер, потоа Крим за кој настапува уште една поранешна вардарка, се работи за Сара Ристовска, како и победник од квалификациска група. Се очекува во наредниве денови, екипата од бундеслига го потврди трансферот на Саздовска.