Одбојкарите на Партизан се победници на силниот одбојкарски турнир по повод јубилејот „75 години ОК Вардар“ кој видендов се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Во финалниот меч, белградскиот состав во исклучително возбудлив меч славеше против организаторот и славеник, Вардар со 3:2 (25:20, 22:25, 25:19, 23:25, 15:12). Нашиот прволигаш одигра одличен меч иако двапати се враќаше од негатива, откако Паризан успеа да ги добие првиот и третиот сет.
Во последниот решавачки петти сет, Партизан беше поумешен во финишот и со 15:12 дојде до победа и триумф на јубилејот на „црвено-црните“. Во саботниот дуел, партизан со 3:1 ја совлада Струмица 47