Сениорскиот тим на кошаркарскиот клуб Вардар, кој оваа сезона ќе игра во кошаркарската елита се засили со играч од САД. Америкaнецот Харистон ќе биде од голема корист за нашата млада екипа во прволигашката конкуренција. Овој 24 годишен крилен центар со своите 203 см со сигурност ќе го дигне квалитетот во нападот на црвено-црните.
.
Кливленд Стејт е неговиот претходен клуб, a во сезоната 2018/19 ќе му помогне на нашиот клуб за повисок пласман во македонското кошаркарско првенство. Веќе од 15 август, вардарци стартуваат со подготовките за сезоната која не очекува, така што Харистон ќе има доволно време да влезе во ритам со нашите играчи.
*На овој линк на кратко може да се запознаете со неговата кошаркарска игра.