Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Според обложувалниците Вардар е единствен фаворит од трите мак.клубови во 1.коло во ЛЕ

Според обложувалниците Вардар е единствен фаворит од трите мак.клубови во 1.коло во ЛЕ

Утрово избраниците на Бабунски заминаа за  Ереван, каде ќе одиграат натпревар   во четврток од 16.00 часот по македонско време. Нашите момци на овој дуел од 1.квалификациско коло во ЛЕ се  среќаваат со домаќинот Пјуник, ерменскиот тим кој е дел  во најмасовното натпреварување.

Според  доделените коефициенти за победа, црвено-црните се фаворит на овој натпревар. Во оваа рунда настапуваат три екипи од Македонија, единствено ФК Вардар според коефициентите е фаворит на првиот натпревар, за разлика од Работнички и ФК Слога. За победа на нашиот тим е одреден коефициент во моментов 1,75 ( почетно беше 1,90, но како минува времето повеќе шанса се дава на нашиот состав), апак за победа на домаќинот има високи  4,35 што само покажува дека нивните шанси се далеку помали според проценките. Се надеваме дека овие прогнози на обложувалниците ќе се претворат во реалност после дуелот задутре.