Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Деловска и Антиќ: ЖКК Вардар ќа даде се од себе на Ф-4 во Купот
Деловска и Антиќ: ЖКК Вардар ќа даде се од себе на Ф-4 во Купот

Деловска и Антиќ: ЖКК Вардар ќа даде се од себе на Ф-4 во Купот

Лани поради Ковид-19 пандемијата не се одигра, па оо едногодишна пауза, женскиот кошаркарски Куп на Македонија  се враќа на сцената. Овој викенд на „Кале“  силите ќе си ги одмерат Бадел 1862 и Крива Паланка, односно Баскет КАМ и Вардар. Свое видување за Ф-4 турнирот дадоа тренерот и капитенот на црвено-црниот тим.

Јелена Антиќ, тренер Вардар>Прво сакам да им честитам на сите екипи што постигнаа ваков резултат во оваа специфична сезона. Јас сум нов тренер во кошаркарскиот клуб Вардар и во релативно кратко време можам да кажам дека постигнавме една многу добра игра. Девојките се залагаат максимално и во последниот месец покажаа многу добра игра што ме радува. На првиот натпревар против Баскет Кам можам да кажам дека можеби имаат повеќе искуство на нивна страна со новите засилување, но од друга страна важно е да се знае дека не секогаш искуството победува. Мислам дека екипите што ќе покажат најмногу срце и залагање на теренот ќе победат. Им посакувам многу среќа на сите екипи и се надевам дека нашиот клуб ќе влезе во финалето и ќе го освои Купот.“

Симона Деловска, капитен Вардар>Сакам да им честитам на сите екипи што стигнаа до завршниот турнир. Се надевам дека тоа што секоја екипа има нови засилувања дека ќе го извлече максимумот од натпреварите. Дека сите ќе покажат добра игра и дека ќе има добри и интересни натпревари за тие што ќе ги гледаат. Вардар како клуб ќе се обиде да даде се од себе и се разбира да го оправдаме тоа што сме освојувачи на Купот неколку години по ред. Се надевам пред се дека натпреварот од полуфиналето ќе биде интересен и секако се надевам на пласман во финале“