Позната е судбината на уште еден ракометар на Вардар 1961. Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески останува дел од ,,црвено – црните” и во новата натпреварувачка сезона.
Двете страни разговарале и договориле продолжување на соработката на уште една сезона. Со ова, Талески добива уште една шанса во Вардар да се докаже бидејќи оваа сезона баш и не ги оправда очекувањата во целост.
Талески дојде во Вардар 1961 на почетокот на минатата сезона откако се врати од Германија, од екипата на Балинген.
Му посакуваме успех со Вардар на левиот бек.