Во рамки на 21.коло, ЖРК Вардар гостува кај екипата на РК Кузман Вардар од Илинден. Дуелот против тимот кој е на дното од табелата и е најмладиот колектив кој настапува во лигата и на кој сме фаворит, ќе се игра во сабота, 8.мај.
Ова е последна контролка за избраничките на Драгана Ристова и Александар Царчев пред големиот предизвик идната недела. Црвено-црниот женски тим го очекува настапот на Ф-4 турнирот во Купот на Република Македонија.
Натпреварот кој ќе се игра во салата „Кочо Рацин“ во скопската населба Петровец е закажан со почеток во 15-00 часот.