По повод Денот на македонската Армија 18ти август, традиционално одбележувањето на нашиот празник е со многу манифестации меѓу кои се и спортските натпревари на воениот стадион. Атлетскиот крос ќе се одржи на ден 14ти август со почеток во 09.30 часот на кејот на реката Вардар со старт под пешачкиот мост наспроти воениот стадион. Мажите ќе трчаат 8км, додека жените 4км.
Петре Завировски, атлетичарот на Вардар кој вредно се подготвува ова лето за есенските предизвици реши својот прв настап да го има веќе на овој крос. Црвен-црниот атлетичар има голема почит кон АРМ па сака со своето присуство да го збогати овој настан. Очекуваме добра трка на нашето момче.