Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Канатларовски повика седум вардарци, за турнирот во Србија
Канатларовски повика седум вардарци, за турнирот во Србија

Канатларовски повика седум вардарци, за турнирот во Србија

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години денес замина за Стара Пазова ( Србија), каде ќе одигра пријателски натпревари со селекцијата на Обединети Арабски Емирати

Дебито како селектор на оваа генерација ќе го има Драган Канатларовски-Цапар кој за овие натпревари повика и шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за Никола Павлески, Игор Јаневски, Огнен Здравковски, Стефан Тасев, Георг Стојановски, Максим Милошевски и Бесар Гуџуфи. Сите овие играчи во новата сезона ќе бидат дел од помладите пионери на Вардар, освен Стојановски кој игра за повозрасните пионери на Вардар.

Натпреварите со споменатата репрезентација ќе се одиграат на 10 и 13.август.