Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар во претстојниве денови ќе одиграат контролни натпревари, како подготовка за новата натпреварувачка сезона.
Кадетите и младинците предводени од Деспотовски во текот на денешниот и утрешниот ден ќе спарингуваат со екипата на Шкупи од Чаир. Мечевите ќе се одиграат на теренот во населбата Јане Сандански, со почеток од 18:00 часот. Најпрво денес кадетите, а утре и младинците ќе одиграа мечеви со екипата на Шкупи.
Генерациите 2004 и 2005 на Вардар, под водство на Тодоровски и Петковски во петок на терените на ФФМ ќе одиграат пријателски мечеви со Академијата на ФФМ, мечеви кои ќе стартуваат од 09:00 и 11:00 часот.
Контролен меч во четврток ќе одигра и генерацијата 2006 на Спасески. На теренот на Академијата од 18:30 часот ќе гостува екипата на Шкупи.