Членовите на атлетскиот клуб на Вардар се приклучија на акцијата за спас на фудбалскиот “брат“. Членовите на црвено-црниот атлетски клуб се приклучија на широката акција: „Купи билет, за спас на Вардар“ која е во тек. Вчера беше објавено дека истата иде добро и се продадени над 5000 билети до сега.
Станува збор за нашите атлетичари: Петре Завировски, Игор Димитровски и Марко Ивановски.