Ракометниот клуб Вардар доби ново засилување за следната натпреварувачка сезона. Во Скопје ќе пристигне хрватскиот инернационалец, Анте Кудуз кој игра на левата бековска позиција. Се работи за играч кој доаѓа од екипата на Динамо Букурешт, клуб во кој е еден од најдобрите ракометари.
Стратегот, Стевче Алушовски, смета дека со доаѓањето на Кудуз, Вардар ќе биде поконкурентен на меѓународната сцена.
„Со ангажирањето на Кудуз би требало да добиеме на шутерски начин уште подобра лева страна и играч што ќе може да биде уште поубоит кон противничкиот гол. Неговите игри во Динамо, особено во Лигата на шампионите беа одлична препорака. Верувам дека ќе успее да се вклопи во нашата концепција и систем на играње. Вардар веќе го создава тимот за следната сезона и сакаме да имаме повеќе расположливи квалитетни играчи на сите позиции. Очекуваме костурот на тимот да го задржиме, и со засилувањата Вардар да биде уште поконкурентни на меѓународна сцена, смета Алушовски.
Денес на натпреварот со Нексе своето деби треба да го има Васко Шеваљевиќ, додека нов играч од наредната сезона е Дарко Ѓукиќ кој доаѓа на местото на Чупиќ кој заминува во Загреб.