Атлетски клуб “Вардар” вчера објави информација за настап на двајца свои членови на трката на 3.000 метра во рамки на Купот на Република Македонија кој вчера се одржуваше на Градскиот стадион во Скопје. Во информацијата се вели:
Нашите атлетичари Марко Ивановски и Петре Завировски имаа добри настапи на 3000 метри на купот на Македонија. Марко Ивановски со повреда која го мачи подолг период забележа резултат од 10:40 минути.
Петре Завировски комплетно исцрпен од вчерашната трка на 5000 метри покажа огромна желба за борба и одново трчаше под 10 минути односно 9:54 минути. Ова се двајцата атлетичари кои не дозволија АК Вардар да згасне!!!