-
Утрово во 8 часот во Градскиот парк во Скопје Петре Завировски одработи контролен тренинг на 2 милји (3.2километри). Станува збор за еден вид на трка која се организира секоја сабота од група спортски ентузијасти. Без некои поголеми напори Вардарецот стигна до резултат 10:25 по неколку минути пауза одработи дополнителен тренинг од 3х1000 метри по 3:10.
Ова се добри перформанси на Завировски како најава на Ноќниот полумаратон кој ќе се одржи следната сабота 10 септември со почеток во 19:30, на кој тој ќе го нападне првото место одкако лани беше на истата делица “сребрен”. Предходно Завировски покажа одлични перформанси на ”Born to Run” улична трка на 10км во Кавадарци. Трка на која победи со најбрзи 10км во својата кариера.