Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Во недела ќе се трча Националното првенство во крос-кантри, Завировски ќе настапи, Ивановски “виси“
АТЛЕТИКА! Во недела  ќе се трча Националното првенство  во крос-кантри, Завировски ќе настапи, Ивановски “виси“

АТЛЕТИКА! Во недела ќе се трча Националното првенство во крос-кантри, Завировски ќе настапи, Ивановски “виси“

Согласно календарот, Атлетската федерација на Македонија ќе го организира Националното првенство на Македонија во крос-кантри на ден 28,02,2016 година во Скопје. Ова  натпреварување  ќе се организира во : поединечна, екипна, севкупна екипна конкуренција. Натпреварот воедно ќе има изборен критериум за престојното Балканско првентсво во крос-кантри кое ќе се одржи на 12 Март 2016 год во Чуприја / Србија

 Почеток на одржување на националното првенство е закажан за во  12:00 часот,  истото ќе се одржи во  Скопје на  Кејот на река Вардар- градски парк и  мостот позади забавен парк,  патека ќе биде кружна. На 28 февруари атлетичарот на Вардар Завировски за прв пат ќе се појави на трка годинава . Во меѓувреме ја продолжи регистрација во АФМ со што и наредната сезона ќе настапува во црвено-црниот дрес, а како што вели тој до крајот на кариерата ќе биде во Вардар. Младиот Вардарец е презадоволен од својата форма која постојано оди во нагорна линија. Радува фактот што Завировски сега на контролните тренинзи е побрз отколку на трките во изминатите сезони. Тоа се должи на огромната посветеност со кој работат тренерот Мартиновски и неговиот ученик. Завировски ќе се појави во натпреварувањето за атлетичари до 23 години.Мали шанси за настап на истото натпреварување има и Марко Ивановски кој минатата недела истрча одлично на полумаратонот во Барселона, но во меѓувреме повторно заработи незгодна повреда.