Повторно како по некое (не)пишано правило од коло во коло “царуваме“ во изборот на иделните шест куглари за изминатото коло. Црвено-црниот кугларски тим успеаа да “заземе“ дури четири позиции од вкупно шест колку што има во овој избор, останатите две ги заземаа по еден играч од Кк Макпетрол и Кк Хераклеа. Овој избор на иделните шестмина се однесува за изминатот 8.коло во Македонската кугларска лига.
Во ова коло црвено-црниот кугларски колектив гостуваше кај “фенерџијата“ во МКЛ екипата на Кк Империал Тобако ТКС, во кугларницата “Мусандра“ во гратскиот трговски центар во Скопје. Нашите момци на ова гостување однесоа победа со резулат 1-7. Вкупниот ефект на нашите вардаровите куглари овој меч беше 3471 “соборени дрва“, а во победата со 1-7 имавме сет-ефект 5-19. Во изминатото коло “мотори“ на црвено-црната машина која незнае за пораз оваа сезона, беа двајцата изворедни куглари членовите на фантастичното дуо Влаќевски-Димитровски. Бојан Влаќевски го зазема првото место на овонеделниот топ-6 избор со 617 “соборени дрва“, зад него речиси исти ефект имаше Димитар Димитровски кој имаше само едно помалку ’соборено дрво“ тој запиша 616 “соборени дрва. На треттата позиција се најде Ибрахим Мемеди од екипата на Кк Макпетрол. Дане Јакимовски од црвено-црниот тим го зазема четвртото место на лисатат со 594 “соборени дрва“. На шестата позиција зад петтопласираниот Пецо Димовски од Кк Хераклеа, се најде вардарецот Младен Донковски ко0ј имаше скор 578 “соборени дрва“.