Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Легендарниот Мартиновски верува во успех на својот млад атлетичар вардарецот Завировски!
АТЛЕТИКА! Легендарниот Мартиновски верува во успех на својот млад атлетичар вардарецот Завировски!

АТЛЕТИКА! Легендарниот Мартиновски верува во успех на својот млад атлетичар вардарецот Завировски!

Сезоната која што заврши 2015, резултатски не мина онака како што посакуваа атлетичарот Петре Завировски и неговиот тренер Трпе Мартиновски. Сезоната им започна одлично со прво место на Првентсвото на АРМ во крос-кантри. Потоа следеа серија на лоши настапи. Неколку трки на кои Завировски не финишираше. Го следеа и неколку ситни повреди кои целосно го извадиа од колосек. Пропадна и таргет трката Скопскиот маратон кој што се откажа поради безбедносната ситуација во Македонија во Мај. Безмалку беа потребни 7 месеци за Завировски да се врати на победничкиот подиум. Го освои сребрениот медал на полумаратонот City Park Night 21′. Следеше третиот негов најбрз полумаратон во кариерата. Во подгорица Финишираше на 8 позиција со резултат 1:19:24. Сезоната ја заврши со сребрен медал во Ноември на Државното првенство во крос-кантри. Премалку за атлетичарот во црвено-црниот дрес.

За сезоната која што доаѓа тренерот Мартиновски не сака да го открива текот на тренингот. Засега не го открива планот за натпреварите на кои ќе настапат. Од она што го споделија со нас. Припремниот период (базата) Вардарецот Завировски под тренерската палка на Мартиновски го одработува сам. Не тренира во група со друѓи атлетичари. Најглемиот дел од тренинзите базично ѓи одработуваат на 30тина километри од Центарот на Градот. Со што го избегнуваат големото загадување на воздухот. Единствено контролните тренинзи на определен период ѓи прават на атлетската патека на Арената Филип Втори. Вардарците најавуваат дека сезоната која што доаѓа за нив ќе биде многу поразлична од преходните, сега тренираат многу поразлично од предходно. Мартиновски вели дека младиот атлетичар на секој тренинг го дава својот максимум. Трпе Мартиновски верува дека ќе успеат во својата цел.