Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Жрк Вардар во борба за третото место на турнирот во Белград
Младинките на Жрк Вардар во борба за третото место на турнирот во Белград

Младинките на Жрк Вардар во борба за третото место на турнирот во Белград

Младинките на Жрк Вардар денес ги очекува борба за третото место на силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград“ кој се одржува во главниот град на Србија. Избраничките на Билјана Пецевска во групата забележаа две победи и еден пораз. Триуфиравме во дуелите со екипите на Авала ( 21:20) и во натпреварот против тимот на Извор од Србија. Бевме поразени во првото коло од екипата на Срем. Двете победи во групата ни овозможија да играме полуфинале со претставникот од Црна Гора, реномираниот тим на Будуќност, против кој забележавме пораз со резултат 26:5.

Денес е последниот натпреварувачки ден на турнирот, на кој ќе се разигрува за пласман и ќе бидат доделени наградите за најдобите екипи и играчи. Нашите младинки ќе играат дуел во борба за третото место.