Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетите и кадетките на ракометниот клуб Вардар, ќе се борат за третото место на “Трофеј Белград“
Кадетите и кадетките на ракометниот клуб Вардар, ќе се борат за третото место на “Трофеј Белград“

Кадетите и кадетките на ракометниот клуб Вардар, ќе се борат за третото место на “Трофеј Белград“

После двете победи во групната фаза против екипите на Белград и Раднички од Крагуевац, кадетите на Рк Вардар предводени од тренерот Слободан Чивлачки ја забележаа и треттата победа во групната фаза. Совладан беше големиот тим на Партизан од Белград, со конечен резултат од 15:11. Уште еден одличен меч за нашите кадети, кои одиграа одличен натпревар и заслужено се најдоа во полуфиналето на силниот меѓународен турнир во Белград.

Во полуфиналето црвено-црните беа поразени од екипата на Дубрава, која доаѓа од Хрватска.  Во еден рамноправен дуел, нашите момци кои се бореа до последната минута доживеаа пораз и утре ќе се борат за третото место на силниот меѓународен турнир во Белград.

Кадетките на Жрк Вардар предводени од Анжела Платон исто така ќе се борат за третото место на “Трофеј Белград“. После двете победи и еден неуспех во групната фаза, нашие млади надежи во полуфиналето беа поразени од силниот тим на Будуќност, со конечен резултат од 19:4. Црнагорскиот претставник имаше постојано водство во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено се пласираа во големото финале. Во утрешната борба за третото место кадетките на Жрк Вардра ќе се сретнат со екипата на Раднички од Крагуевац.