Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Баскет кам „преку“ ЖКК Вардар дојде до ново финале со Бадел
Баскет кам „преку“  ЖКК Вардар дојде до ново финале со Бадел

Баскет кам „преку“ ЖКК Вардар дојде до ново финале со Бадел

Екипата на Баскет Кам 2011 е првиот финалист во плеј-офот на женската Прва лига. Актуелниот бранител на шампионската титула, се чини полесно од очекувањата, беше подобра од скопски Вардар. На гостински терен славеа со убедливи (89:55) и со максимални (2-0) ја затворија серијата против „вардарки“.

ВАРДАР – БАСКЕТ КАМ 2011    55:89

Стартната петорка на гостинската екипа имаше убедлив почеток на овој полуфинален меч. Уште во првата четвртина обезбедија убедлива предност (25:9), која до крајот на првото полувреме скоро ја удвоија.

Имаа девојките во „сино-бела“ комбинација недостижни (49:21).

Пет гостински кошаркарки завршија со десет или повеќе поени, Пуљизовиќ постигна 16, Антиќ 14, а Тасевска и Поп Димитровска имаа по 13.поени. Кај Вардар, Зафирова даде 13, а Наков еден поен помалку.

Вчера, од 19.часот, во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка, се игра вториот меч од серијата помеѓу екипите на Крива Паланка и Бадел 1862.

„Баделки“ победија и со 2-0 обезбедија место во финалето.