Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Познати четирите плеј-оф полуфиналисти, Вардар иде на Чаир
Познати четирите плеј-оф полуфиналисти, Вардар  иде на Чаир

Познати четирите плеј-оф полуфиналисти, Вардар иде на Чаир

Покрај Чаир 2030, трката за место во елитата ја продолжуваат Шкупи, Струмица и Вардар…

Третите натпревари од трите четвртфинални серии ги детерменираа и сите учесници на полуфиналето од плеј-офот за пополнување на две места во Првата лига-мажи за сезоната 2022/2023.

Предноста на домашниот терен во т.н. „мајсторки“ не се покажа како особено важна во две од трите серии.

Кошаркарите на Шкупи славеа повеќе од убедлив триумф на гостинскиот терен во Велес, против Борец Баскет со (87:69) и со конечни (2-1) се пласираа во полуфиналето.

До решавачка победа на гостински терен, во Штип, реализираа и кошаркарите на Струмица. Беа подобри од подобропласираниот Соколи 1933 (83:80), за крајни (2-1) во серијата, и пласман во првата „четворка“.

Во најдобрите четири е и екипата на Вардар, која во мечот на одлука го совлада Баскет Кам со сигурни (76:64)

Согласно со пласманот од регуларниот дел од сезоната, формирани се и двете полуфинални двојки.

Екипата на Чаир 2030, која претходно, во два натпревари, го елиминираше Партизан Водно Санс, за место во Првата лига ќе разигрува против екиоата на Вардар, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Струмица и на Шкупи.

Првите натпревари од полуфиналните серии ќе се играат на 7. мај, вторите на 11. мај, а евентуалниот трет меч (ако биде потребно), е предвидено да се игра на 14. мај.

Предноста на домашен терен ќе ја имаат екипите на Чаир 2030 и на Струмица

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ТРЕТ НАТПРЕВАР

Борец Баскет – Шкупи    69:87 (1-2)

Соколи 1933 – Струмица           80:83 (1-2)

Вардар – Баскет КАМ      76:64 (2-1)

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Чаир 2030 – Вардар

Струмица – Шкупи