Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Бадел поведе со 1-0 против Вардар
Бадел поведе со 1-0 против Вардар

Бадел поведе со 1-0 против Вардар

Вчера започна финалната серија кај девојките. ЖКК Вардар како гостин беше убедливо поразен од тимот на Бадел 1862. Девојките на Вардар на овој натпревар беа немоќни да сторат нешто повеќе. Овој меч домашната екипа го доби со убедлив резултат од 68-45.

Домашната екипа во текот на целиот натпревар беше повкалитетен тим и заслужено славеше победа над “црвено – црните” девојки. Ова беше одлично отварање на серијата за тимот на Бадел. На следниот натпревар, кој ќе биде одигран овој викенд, Вардар ќе биде домаќин.

За мало потсетување, финалната серија се игра на три добиени натпревари.