Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Мицевска го “скроти“ Пелистер, Вардар СЦЈС стигна до нова убедлива победа
Мицевска го “скроти“ Пелистер, Вардар СЦЈС стигна до нова убедлива победа

Мицевска го “скроти“ Пелистер, Вардар СЦЈС стигна до нова убедлива победа

Младите Вардарки предводени од Симовски и Царчев стигнаа до нова победа во најсилната супер-лига. Полесно од очекувањата, црвено-црните ја совладаа екипата на Пелистер. Овој дуел се одигра во малата сала на С.Ц. Јане Сандански и заврши со конечен резултат од 44:20.

Само во првите десет минути гледавме неизвесен натпревар, кога се играше гол за гол и ниту една од екипите немаше поголема предност од еден гол. Во тие моменти резултатот беше израмнет на 6:6, а до крајот на првиот дел Вардарки му дозволија на противникот да постигне само четири голови. Нашиот состав направи две големи серии и на полувреме имаше дури и двоцифрено водство од 21:10.

И во второто полувреме постигнавме двојно повеќе голови од гостинската екипа. Како одминуваше натпреварот предноста се повеќе растеше во наша корист. Пелистер немаше сила да парира на Вардар, па на крајот мораше да се помири со висок пораз. Ова беше вкупно 20 победа за Вардар СЦЈС во супер-лигата. Убедливо најефикасна беше крилото Сара Митова со 19 голови, додека на голот блескаше младата Јована Мицевска која имаше висок процент на одбранети удари, или на крајот вкупно 24 одбрани зад нејзиното име. Исто така во нападот се истакнаа и младите ракометарки, Божиноска и Станиќевска, кои постигнаа по 5 голови.

ВАРДАР СЦЈС: Прленда 2, Стојановска, Георгиевска 1, Митова 19, Бојаџиска, Тодоровска, Мицевска (24 одбрани), Нолевска, Станиќевска 5, Петковска, Георгиевска 3, Мишевска, Божиносска 5, Гичевска 6, Велкова 3.