Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Tри пенали, три црвени, Вардар одигра 3:3 во Штип
Tри пенали, три црвени, Вардар одигра 3:3 во Штип

Tри пенали, три црвени, Вардар одигра 3:3 во Штип

Вардар одигра само нерешено 3:3 (1:2) против тимот на Брегалница. Иако нашите играчи водеа со 0:2, сепак на крај мораа да спасуваат бод. Головите за Вардар денеска ги постигнаа: Велковски, Блажевски и Џигаури. Со овој бод, сега Вардар има предност од плус 13 пред Шкендија која загуби од Победа.

Вардар по првата шанса дојде до предност од 0:1. Фелипе центрираше од десната страна од слободен удар го пронајде Велковски Дарко кој со глава од пет метри го матираше Кобетиќ за 0:1 за Вардар. Во 31. минута беше досуден пенал за нашиот тим. Ранѓеловиќ невнимателно стартуваше над Николов за удар од белата точка. Топката ја зеде Дејан Блажевски и успешно биеше за предност од 0:2 за “црвено-црните”.  Веќе во 35. минута беше досуден нов пенал, овој пат за домашниот тим. Според главниот судија Грнчаров недозволено стартувал над Костадинов за пенал. Топката ја зеде и прецизно биеше Здравков за намалување на 1:2.

dzigauri-fkvНа почетокот на вториот дел во игра влезе во Вардар Глигоров на местото на Дејан Блажевски. На стартот на вториот дел, во 50. минута Балотели мина неколку играчи и биеше но само крај голот на Кобетиќ. Во 59. минута беше досуден нов пенал за Брегалница. Велковски наводно недозволено стартувал над Георгиев за нов пенал. И овој пат успешно го изведе овој пенал Здравков за израмнување на резултатот на 2:2. Веќе во 63.минута Ранџеловиќ доби втор жолт картон, екипата на Брегалница остана со играч помалку. Седлоски фрли се на една карта, во игра во 66. минута влегоа Којашевиќ и Барсегјан на местата на Николов и Спировски. Брегалница неочекувано дојде до целосен пресврт во 78. минута. Здравков ја претрча целата одбрана на Вардар, додаде до Наумов кој што беше сам и погоди во мрежата за водство на штипскиот тим. Гоол, во 92. минута, Вардар преку Џигаури израмни на 3:3. Во 93. минута Фелипе доби црвен картон. Со резултат 3:3 заврши овој дуел.

Со ова реми, Вардар го одложи славењето на новата титула. Веќе в недела вардарци ќе имаат можност тоа да го сторат против тимот на Македонија ЃП.