Одлични вести ни стигнаа утрово од Нови Сад, Србија каде во тек е Европското првенство во борење. Нашиот вардарец и македонски репрезентативец Нуров Магомедгаџи вечер ќе се бори во борбата за “бронзен“ медал во категоријата до 97 килограми.
Утрово во 1/8-финалната борба се сретна со со борачот од Србија, Марко Јовановиќ. Oткако ја мина првата препрека во четвртфиналето се сретна со турскиот репрезентативец Риза Јилдерим. Имаше одлична прилика за победа и пласман во најдобрите четири, сепак бевме поразени. Нуров тргна одлично и водеше со 4-1, но за жал беше поразен со 7-4. Турскиот репрезентативец продолжи понатака во полуфиналето каде со победа обезбеди место во финалниот дуел, а воедно шанса односно репасаж за Нуров. Нашето момче имаше противник од Естонија во оваа борба која беше решен да ја добие. Црвено-црниот борач Нуров Магомедгаџи со убедливи 10-0 триумфираше и си закажа меч во 18-00 часот попладне во кој ќе се бори за европски медал, бронзен.
Нашиот БК Вардар со ова го осветли образот на мак.борењето и донесе прилика за висок пласман на континенталниот собир каде е собрана цела европска боречка елита на едно место. Нашиот клуб ги сноси сите трошоци за пат, подготовка тренинг. ФБСМ немаше удел во овој проект-остварување на висок пласман на ЕП. Тие нивните стрества ги насочуваат погрешно, што е одлика на ова “ нелегитимно раководсто“ во федерацијата.