Нашата кадетска репрезентација синоќа замина за Сараево каде во наредните десет дена ќе земе учество на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години. Оваа репрезентација е единствена која тренира заедно веќе две години во рамки на проектот „Заедно до М16“, одобрен од ФИБА.

Кадетите го одржаа првиот собир на 30. јуни, оттогаш одиграа седум пријателски натпревари, а непосредно пред заминувањето за Сараево обавуваа подготовки и во Маврово. Во репрезентацијата У16 кои заминуваат на ЕП во Сараево од 09-18 АВГУСТ , Вардар има 5 свои претставници:

Стефан Јовановски
Бранко Шуменковски
Драго Стојановиќ
Марко Величковски
Михаил Наумоски

Избраниците на Александар Јованчев против репрезентативците на Црна Гора го запишаа првиот пораз. Со тоа, на нивното конто остануваат шест победи и тоа против Косово (62-82), Романија (85-72), Белгија (38-70), Швајцарија (36-65), Жарково (47-67) и против Бугарија (59-57) и само еден пораз – од Црна Гора (66-91).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ; ГРУПНА ФАЗА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ДИВИЗИЈА б) ЗА КАДЕТИ 2018

9. август
МАКЕДОНИЈА – Русија
Почеток 16:30

10. август
Белгија – МАКЕДОНИЈА 
Почеток 14:15

11. август
Словачка- МАКЕДОНИЈА
Почеток 21:00

13. август
МАКЕДОНИЈА – Данска 
Почеток 16:30

14. август
Норвешка – МАКЕДОНИЈА 
Почеток 14:15