Кадетите на ракометниот клуб Вардар изминатата сезона предодени од Адријана Будимир на доминантен начин се “прошетаа“ до најсјаното одличје во пионерската лига. Тие во кадетската лига беа одлични во групата и се пласираа на завршниот Ф4. По судиска неправда во полуфиналето немаа можност да играат за злато, сепак доаѓа нова сезона наесен во која тие ќе атакуваат на врвот во кадетската конкуренција.
Оваа селекција веќе ги отпочна подготовките, помошник на Будимир оваа сезона ќе биде Аце Станковски. Кај кадетите се дефинирани тритте групи каде се поделени кадетските состави од нашата земја. Вардар се наоѓа во групата-1. Покрај нас има во истата уште осум ривала, станува збор за екипите на: Аеродром, РК Алушовски, РК Шампион, РК Пролет, РК Бутел, Металург, Драчево и РК Македонија Ѓорче Петров.
Првото коло е предвидено за на 1 или 2 септември. Ние ја почнуваме одбраната на титулата со дуел против тимот на РК Алушовски. Целиот распоред за есенскиот дел каде се предвидени девет кола може да го погледнете ОВДЕ