Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дел од вардарци со здравствени проблеми во К.Гора, в петок предвидено заминување за Германија на „Хејде купот”
Дел од вардарци со здравствени проблеми во К.Гора, в петок предвидено заминување  за Германија  на  „Хејде купот”

Дел од вардарци со здравствени проблеми во К.Гора, в петок предвидено заминување за Германија на „Хејде купот”

Избраниците на Роберто Парондо првата етапа од летните подготовки ја одработија во Скопје, а веќе следната петта година по ред ја имаа во Крањска Гора-Словенија. Веќе се одработува и предпоследниот дел  од втората “епизода“ од овие подготовки. Според планот  вардарци в петок ја напуштаат Словенија и патуваат за Германија.

Црвено-црните истиот ден,  в петок (20:15 часот) против Хамбург го започнуваат настапот на „Хејде купот”, прв контролен натпреварувачки тест за “новиот“ Вардар и новиот кормилар. Во Крањска Гора имаше одредени неочекувани пречки за целосна реазлизација на предвидената програма за подготовки. Проблем покрај некомплетноста (се очекува нов голман и дефанзивен играч) во Словенија беше што дел од играчите на македонскиот шампион имаа “вироза“ па неможеше да се работи со 100% ефект како што се очекуваше и беше зацртано. Сепак долг е периодот до почетокот на официјалните натпревари па се очекува сите попатни проблеми да се надминат.