Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедлив триумф за ФК Вардар генер. “2004„ на турнирот во Никшиќ
Убедлив триумф за ФК Вардар генер. “2004„ на турнирот во Никшиќ

Убедлив триумф за ФК Вардар генер. “2004„ на турнирот во Никшиќ

Прва победа за генерацијата “2004„ на ФК Вардар, на турнирот во Никшиќ. Утрово избраниците на Петар Георгиевски убедливо ја совладаа екипата на Влазниа, со резултат 4:0.

Вардар: Гигов, Анчевски, Милошевски, Јаневски, Павлески, Каровски, Серафимов, Хајдари, Ѓоргиевски, Гуџуфи, Ибраим.

Одлична игра на црвено-црните, кои беа далеку подобри на теренот и подоминантни од противникот. Резултатот за 1:0 го отвори Давор Серафимов, откако претходно добро асистираше Гуџуфи. Најубавиот гол на овој дуел го постигна Никола Павлески, кој сакајќи да ја уфрли топката во противничкиот шеснаесетник од корнер, доби друг правец и заврши во голот на Влазниа. На полувреме се замина со водство од 2:0. Во второто полувреме постигнавме уште два гола во противничката мрежа. Во листата на срелци се запиша и Левент Ибраим кој погоди за 3:0, додека со својот втор гол денес, конечниот резултат од 4:0 го постави Никола Павлески, кој прецизно биеше од слободен удар.

Утре е последен ден на турнирот и играме за пласман на 5. место.