Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Дури 14 момци од Вардар активни летово во четири национални селекции
Кошарка: Дури 14 момци од Вардар активни летово во четири национални селекции

Кошарка: Дури 14 момци од Вардар активни летово во четири национални селекции

Црвено-црниот кошаркарски клуб оваа лето ќе има   вкупно 14 репрезентативци во четири разни националните селекции. Сериозната работа, професионалниот пристап и талентираните играчи се уште еден доказ дека нашите кошаркари се на правиот пат во  кошаркарскиот свет.

Во составот на репрезентацијата до 20 години, од Вардар на списокот се најдоа 4 играчи и помошник на селекторот Василев е нашиот тренер на сениорскиот тим Дарко Радуловиќ. Повикани се за оваа селекција:

  • Елвис Хот
  • Миле Станимировиќ
  • Иван Волкановски 
  • Петар Прентовиќ 

За репрезентацијата У18, ЕП ќе се одржи во Скопје во периодот од 27.07 – 05.08.2018 и сите кои ќе бидеме во Скопје, имаме можност да ја поддржиме нашата репрезентација и нашите кошаркари . Во оваа генерација, Вардар има 4 свои претставници:

  • Благој Димитриев
  • Валмир Какруки
  • Андреј Данилов
  • Адриан Наумоски

Во репрезентацијата М16 кои заминуваат на ЕП во Сараево од 09-18 АВГУСТ , Вардар има 5 свои претставници. Селектор на оваа репрезентација е Александар Јованчев, кој што е тренер на истата таа селекција во нашиот клуб.

  • Стефан Јовановски
  • Бранко Шуменковски
  • Драго Стојановиќ
  • Марко Величковски
  • Михаил Наумоски

Националната селекција до 14 години, која пред нешто помалку од еден месец во свој поширок состав ја започна новата генерација на проектот на ФИБА „Заедно до М16“ претстојниот август ќе земе учество на меѓународниот турнир кој традиционално се одржува во Словенија, насловен како “Slovenia Ball“. Подготовките ќе започнат на 1. август  (среда) со почеток во 12:00 часот во малата сала на „Кале“.  На списокот на повикани кошаркарски надежи имаше место за Мартин Оровчанец од КК Вардар.