Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Сакаме да победиме, и таа победа да ја посветиме на нашиот навивач Никола Саздовски
Гачевски: Сакаме да победиме, и таа победа да ја посветиме на нашиот навивач Никола Саздовски

Гачевски: Сакаме да победиме, и таа победа да ја посветиме на нашиот навивач Никола Саздовски

Голманот на нашиот тим Филип Гачевски, очекува полни трибини во четврток и голема поддршка. Нашиот голман истакна дека неговиот тим ќе даде се од себе да помине во следната фаза, исто така додаде дека ќе се борат и ќе бидат многу мотивирани.

„Првиот натпревар го загубивме со 1:0, и кај нас има разочарување од тој резултат. Не знам која беше причината за таквата наша игра, и свесни сме дека не ја исполнивме целта, ниту задачите зададени од нашиот стручен штаб. Знаеме дека 1:0 не е лесен резултат, и дека на реваншот во четврток ќе мораме да постигнеме гол. Ќе дадеме се од себе на реваншот да бидеме подобри. Јас верувам во мојата екипа и верувам дека ќе го докажеме нашиот квалитет, и дека заслужуваме да го носиме дресот на Вардар. Подготвени сме да оставиме срце на терен, и дополнителна мотивација ни даваат нашите навивачи. Сакаме голема поддршка од публиката, и заедно да се радуваме на уште успех во Европа. Сакаме да победиме, и таа победа да ја посветиме на нашиот навивач Никола Саздовски“, вели Гачевски.

„Нашиот противник ќе дојде да се одбрани и од противнапади ќе се обидат да нѐ загрозат. Не очекувам поинаква игра што се однесува до нашиот противник од оној прв меч во Ереван. Наша предност е сега домашниот терен кој што ќе мора да го искористиме. Посакувам што побрзо да постигнеме гол. Сигурен сум дека овој пат моите соиграчи ќе го покажат својот потенцијал и ќе дојдеме до потребниот триумф за пласман во следната фаза“, рече голманот на нашиот тим.