Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > По успешната прва, од есен втора сезона во младинската кошаркарска лига “Вардар“
По успешната прва, од есен втора сезона во младинската кошаркарска лига “Вардар“

По успешната прва, од есен втора сезона во младинската кошаркарска лига “Вардар“

Кошаркарскиот клуб Вардар оваа сезона успешно ја реализираше првата сезона од младинската кошаркарска лига “Вардар“. Овој проект е одлично осмислен и беше перфектно реализиран. Во новата сезона не очекува втората сезона од истата. Во продолжението запознајте се со деталите околу целите, начинот на фунционирање и замислата на овој одличен проект на црвено-црниот кошаркарски тим кој воедно доби признание за најдобра младинска школа во Македонија за изминатата 2017 година.

  • Основање на лигата: Ноември 2017 година
  • Цел на лигата: сите деца кои тренираат во кошаркарските клубови, а не се натпреваруваат во официјалната МКФ лига да одиграат што повеќе натпревари, да се поттикне нивниот талент, да се здобијат со играчко искуство, да се зголеми натпреварувачкиот дух, да се научат на тимска игра и фер плеј, да се научат од мали да ги почитуваат судиските одлуки.
  • Домашна сала: СРЦ Кале (мала сала)
  • Траење: 11.2017-10.06.2018 (прва сезона)
  • Вкупен број на екипи: 25 (Скопје, Гостивар, Радовиш, Кавадарци, Куманово, Пробиштип)
  • Професионална организација на лигата – според ФИБА стандардите
  • Професионален судија од КФМ ги суди натпреварите
  • ФБ Профил – со секојдневно апдејтирање на податоци и фотографии
  • ВЕБ Страна – со сите активности на клубот и лигата
  • FINAL FOUR – на крајот на сезоната, медаљи и пехари за победниците
  • МИНИБАСКЕТ Фестивал
    • Како дел од лигата, за најмладите деца на клубовите (родени 2007-2010 година)
    • Натпреварите се играат на мали кошеви и со мали баскети