Фудбалскиот клуб Вардар денеска донесе одлука за разрешување на досегашниот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски, и тој повеќе нема да ја води екипата на „црвено-црните“.
Оваа информација доаѓа на само четири денови до возвратниот натпревар со Пјуник во Скопје. На дуелот со Пјуник, Александар Васоски ќе ја предводи екипата, заедно со другите помошници.
По завршување на натпреварот во четврток, фудбалскиот клуб Вардар ќе донесе одлука кој ќе ја предводи екипата во иднина.