Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар гостува кај “фенерџијата“ ЖКК Шкупи
Вардар гостува кај “фенерџијата“ ЖКК Шкупи

Вардар гостува кај “фенерџијата“ ЖКК Шкупи

Избраничките  на Жаклина Стојановска,  девојките на ЖКК Вардар по седум победи во низа во изминатото коло беа поразени во дербито од Бадел на дуелот одигран во салата “Кале“. Следен предизвик за нив е натпреварот од 9.коло кога гостуваме во скопската населба Чаир.

Вардарки ќе играат дуел со “фенерџијата“ во лигата тимот на ЖКК Шкупи. Нашиот ривал на седум одиграни дуели нема ниту една победа, за разлика од нас кои имаме седум успеха од осум дуели. Ова е наш последен дуел за календарската 2018 година, во последното 10.коло ние сме слободни. Во мечот влегуваме како фаворити за победа поради квалитетот кој несомнено е на наша страна.