Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > За само 50 ден. гледајте го дербито во СЕХА, помеѓу Вардар и Татран Прешов
За само 50 ден. гледајте го дербито во СЕХА, помеѓу Вардар и Татран Прешов

За само 50 ден. гледајте го дербито во СЕХА, помеѓу Вардар и Татран Прешов

Утре вечер со почеток од 20:15 часот се игра дербито во СЕХА-лигата во кое се среќаваат екипите на Вардар и Татран Прешов. Во пресрет на ова претпоследно коло Вардар е лидер со 27 бодови, додека Татран Прешов се наоѓа на втората позиција со 24 бодови. Првиот меч одигран во Словачка, црвено-црните го добија минимално.

Цената на билетот за овој дуел е само 50 денари. кој може да се купи во наредните два дена, на билетарницата пред С.Ц. Јане Сандански во периодот од 10-18 часот, како и во среда до пред почетокот на натпреварот. Исто така билет може да обезбедите преку онлајн мрежата на Ticketplus.mk.