Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Лино Червар го објави поширокиот спирок на ракометари за претстојниот мундијал, или Светското ракометно првенство кое во месец јануари наредната година ќе се одигра во Германија и Данска.
Во поширокиот список се најде играчот на Вардар, Игор Карачиќ кој очекувано е да се најде и меѓу патниците на СП. Хрватска на овој мундијал се наоѓа во групата Б со селекциите на Македонија, Шпанија, Исланд, Бахреин и Јапонија.